Сребрен медал за Мишела Димоска, а за сестрата близначка, Маријана, бронзен во кати поединечно во јуниорска конкуренција на Истанбул опен 2015, односно Карате 1 Премиер лигата во Истанбул – Турција.
Маријана за влез во финалето е поразена со 3-2 од натпреварувачка од Египет, додека за бронзениот медал ја победи претставничката од Русија.
Мишела за влез во финалето ја победи натпреварувачката од Турција, а во финалето загуби од Египјанката.
Добро и тргна на нашите каратисти во Истанбул, очекуваме повеќе вакви вести во наредните два дена.
ipon.mk/В.Д.