Во просториите на Агенцијата за млади и спорт, директорот Наумче Мојсовски, организираше прием за освоениот сребрен медал на Михаела Мишовска и одличното петто место на Петар Заборски од Европското првенство за сениори што се одржа од 8 до 12 мај 2024 година во Задар, Хрватска.
Мојсовски го честиташе големиот успех на Михаела и Петар и им порача да не застанува тука, туку и понатаму да продолжат со напорна работа до уште поголеми резултати. Мишовска со само 18 години, во категоријата до 50 килограми, до освојувањето на сребрениот медал забележа четири победи, и тоа на дуелите со Ерминија Пефето (Италија, резултат 7-7), Маријами Васадѕе (Грузија, 5-4), Корал Амос (Израел, 2-2), Стилијани-Елени Цилија (Грција, со 4-1 во полуфиналето со што уште еднаш покажа дека е голем потенцијал за женското карате во Македонија.
Од другите македонски претставници на континенталниот шампионат во Задар, Петар Заборски (категорија до 75 килограми) во борбата за бронзениот медал не успеа да го победи Тијаго Дуарте од Португалија и се пласира на петтото место, а машките тимови во кумите и во кати се пласираа на седмото место.
Голем успех за Македонија, за македонскиот спорт, со што се вмешавме меѓу 10-те најдобри земји од вкупно 51 земја-учесник и вкупно 600 натпреварувачи.