Македонската репрезентативка во кик бокс, Кристина Стојчевска, на Светскиот куп „Австрија класик“ во Инзбрук постигна голем успех освојувајќи го второто место.
Таа имаше три борби. Извојува две победи, а во финалето, како што вели таа, златниот медал и избегал во последната секунда. Навистина има за што да жали.
Австрија класик е еден од четирите најсилните кик бокс турнири во светот. Во оваа група се уште турнирот во Сегедин-Унгарија, Бест фајт во Италија и турнирот во Ирска. Често пати овие турнири се појаки од Светските првенства. Ова е добар показател за Стојчевска пред Светското првенство.
ipon.mk/В.Д.