Стефан Штерјов од Балканец го освои сребрениот медал на Меѓународниот турнир во борење „Динко Петков” во Стара Загора -Бугарија.
Останатите млади борачи на штипскиот клуб се петопласирани: Ненад Панов, Љупче Ташев и Стефан Стојков.
„Како и секоја година во Стара Загора, нашите борачи беа пречекани од штипјанецот Добрица Миланов кој подолго време живее во Бугарија. Тој ги нагости младите борачи во неговата сендвичара. Од Балканец искажуваат голема благодарност до Миланов“, велат од Балканец.
Ipon.mk