Ристо Димитров – Чурино повторно пријатно не изненади од Блискиот Исток, с ега со сребрен медал од силното натпреварување „Дубаи интрнешнл џиу џицу Про Чемпионшип“.
„Го освоив среброто во многу силна конкуренција во категоријата до 67 килограми. Изгубив само во финалето за сини појаси, а моите противници беа силни и подготвени“, изјави Чурино за Ipon.mk и додаде:
„Имав три борби по ред, изгубив во финалето. Резултатот беше 0-0 и ми дадоа негативен поен за неактивност. Не можев да му го поминам гардот на противникот. Ме чуваше цврсто во затворен гард и така ја доби борбата, а мене ми избега златото“.
Димитров потенцира дека посбено на неговиот медал се израдувал неговиот менаџер. Да потсетиме дека пред две недели Ристо учествуваше и на Спартанска трка на која го постигна најдобриот резултат за Оман, од 384 учесници од цел свет Чурино беше девети во севкупен пласман и четврти во неговата возраст, а победник беше Русин кој специјално дошол за овој натпревар.
Ipon.mk/В.Д.