Миа Тодорова (-65 кг) го освои сребрениот медал на Светскиот кик бокс куп во Будимпешта, Унгарија, во лоу кик, откако во финалето беше поразена од Србинката Валентина Кери.
Тодорова е префрлена да се бори во сениорска конкуренција бидејќи им се откажала противничката, а за да има повќе борби како подготовка за Европското јуниорско првенство во Будва за месец ипол.
Исмаил Туркер се уште не се борел, а Иван Кукуновски е поразен од претставникот на Грција во лајт кик.
Да потсетиме дека вчера Филип Ризов и Иле Леков во полуфиналето беа поразени, па така освоија бронзени медали. Сепак, вели селекторот Дејан Митровски, и двајцата одлично се избориле.
На СК има 1689 учесници од 45 држави од 288 клуба, односно 3084 натпреварувачи, бидејќи некои кикбоксери ќе настапуваат во повеќе дисциплини.
Резултати
лоу кик – сениори
-65 кг Миа Тодорова – Улијана Мишченко (Украина) 3-0 во полуфинале
Финале
Миа Тодорова – Валентина Кери (Србија) поразена
-57 кг Филип Ризов – Данил Сурхалов (Украина) 0-3 во полуфинале
лоу кик – постари јуниори
-71 кг Иле Леков – Владисав Сидорчук (Полска) 0-3 во полуфинале
лајт кик – постари кадети
-42 кг Исмаил Туркер – Брил Максим (Украина) во четвртфинале
-47 кг Иван Кукуновски – Илијас Трикас (Грција) 0-3 во четврфинале