Кристијан Воденски го освои сребрениот медал во борење слободен стил на 15. Карл Шпис Гедехтнис турнирот во Грабен-Нојдорф, Германија.
Тој настапи во категоријата до 26 килограми и имаше четири победи и еден пораз, како член на екипата АСВ Грисхајм. Во неговата категорија настапија Мохамед Исаев,Николај Васиќ, Џон Кетерлинг, Левин Гиндиг и Роберт Центграф. Но, треба да се каже дека борбата во која беше поразен речиси беше добиена, бидејќи водеше со 6-0, но на крајот противникот Левин Гинлдиг ја доби со 8-6.
Воденски вели дека е задоволен, со оглед на тоа што многу малку време тренирал борење слободен стил.
Инаку, Кристијан денска ја имаше стотата борба во кариерата против Исаиев, во сите спортови, и ја забележа 100 победа.
ipon.mk/В.Д.