Иво Сандев од Таеквондо клубот Феникс кик го освои сребрениот медал во категоријата до 45 килограми за кадети на Меѓународниот турнир „Милениум опен“ во Вршац, Србија, кој се одржа викендов.
Сандев, кој е и репрезентативец на Македонија, забележа голем успех на „Милениум опен стигнувајќи во финалето на овој силен турнир, при забележа две победи, а во финалето доживеа несреќен пораз, на златен бод.
„Со овој натпревар ја завршивме сезоната со успех. За 2017 година акцент ставаме на Г-1 турнирите, каде што се собираат бодови за следните Олимписки игри“, велат од ТКД Феникс кик.
Ipon.mk/В.Д.