Вчера на Африканскиот џудо куп за кадети во Тунис репрезентативката Ива Богданоска освои сребрен медал во категоријата до 63 килограми.
Ива Богданоска забележа три победи и пораз во финалето.
На Купот настапи уште една репрезентативка на Миоки, Георгина Блажеска во категоријата – 48кг.
Џудиските беа предводени од нивниот тренер, воедно и селектор на кадетската репрезентација, Игор Паскоски.