Абдурахим Идризи се закити со сребрен медал во кати во кадетска конкуренција на вториот ден на големиот Меѓународен турнир „Паландокен 2015“ што се одржува во Ерзурум, Турција.
„По четири прекрасни изведби, во финалето се сретна со актуелниот европски првак од кого загуби и мораше да се задоволи со сребрен медал“, велат од таборот на КК Форца.
Додека во кумите Идризи во првото коло се сретна со Ирански претставник, при водство од 2:0 на само 3 секунди пред крајот, противникот го повредува со намера. Иако Идризи го добива мечот, докторите не му дозволуваат да ги настави борбите.
ipon.mk/В.Д.