Сребрен медал за Анамарија Георгиевска на „Софија опен 2018“, втор во низа на Г-1 турнирите (ФОТО)

Анамарија Георгиевска го освои вториот медал во низа на Г-1 турнирите во таеквондо. Георгиевска со три победи го освои сребрениот медал Г-1 турнирот „Софија опен 2018“ во категоријата до 59 килограми за јуниори.

Анамарија Георгиевска во одлична борба изгуби во финалето од србинката Серџа Стевиќ, актуелна јуниорска европска шампионка од Европското првенство во Ларнака,Кипар 2017 година.

Ова е турнир кој носи бодови за Олимписките игри во Токио 2020 година. На турнирот учествуваат 1200 натпреварувачи од целиот свет!

Резултати:

Анамарија Георгиевска – Стан Мируна Георгијана (Романија) дискавалификација

Анамарија Георгиевска – Фотеини Сироти (Грција) 21-3

Анамарија Георгиевска – Лордеана Прокеску (Молдавија) 10-5

Анамарија Георгиевска – Анастасија Стоичков (Бугарија) 7-0

финале

Анамарија Георгиевска – Серџа Стевиќ (Србија) 7-15  

Јуниори 52 кг

Мери Ацевска – Кристина Пепа (Грција) 5-10

Викторија Радомировска – Малвина Циуреф (Кипар) 0-0 (СПД)

Викторија Радомировска – Димитра Сотирија Бицикоку (Грција) 0-6

59 кг

Василија Јовчевски (Хваранг) – Веселиос Толиотис (Грција) 7-28

Филип Стаменов – Тудор Кондреа (Романија) – дисквалификација

Филип Стаменов – Стергиос Плалис (Грција) 5-18

55 кг

Марко Аврамовски – Антониос Андреопулос (Грција) 8-29

68 кг

Милјана Релјиќ (Тигри) – Кристаленија Сироти ( Грција) 26-8

Милјана Релјиќ (Тигри) – Мирјана Топиќ (Србија) 1-7

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON