Сребрен медал за Александар Ристовски на „Војводинска златна ракавица“

Александар Ристовски (81 кг) се враќа со сребрен медал од 38. Меѓународен боксерски турнир „Војводинска златна ракавица“ во Суботица, Србија, откако во финалето загуби со прекин во втората рунда од Србинот Алмир Мемиќ.

Нашиот тренер Васко Цубалевски вели дека Ристовски првата рунда ја добил, а во втората влегол во размена на удари, при што Мемиќ бил повешт и задал посилни удари, при што нашиот репрезентативец се нашол во нокдаун. Судијата ја прекинал борбата.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON