Сприрковска ќе бара шанса за медал друго европско првенство

Марија Спирковска не стигна да се бори за бронзен медал на Европското првенство во борење за У-20 во Рим, Италија, откако во репасажот беше поразена од Вестина Данисевициуте (Латвија) 1-8. Спирковска е седма во конечниот пласман.

Ова е успешен настап за Спирковска, ако се има предвид дека нема соодветни спаринг борби, но и финансии.

Нашата федерација ќе мора да посвети повеќе внимание на женското борење, бидејќи очигледно е дека има таленти, но и да се надминат некои состојби и сите таленти да може да се борат за Македонија.

„На штотуку одржаното ЕП У-20, Марија Спирковска по победата над чешка борачка и поразот од репрезентативката на Полска, денес во репесажот изгуби од Литванката, па така на крајот Марија го зазеде 7 место од 18 борачки од Европа. За Марија ова е прво учество на едно европско првенство до 20 години, а воедно и прва го скрши мразот на големи натпревари.
Пред Марија е светла иднина и сигурен сум дека во иднина ќе не израдува со медал. Марија беше најмлада со 18 години, другите се постари, но и потешки.
Браво за Марија, но и оние спонзори кои ни помогнаа да дојдеме во Италија“,напиша на Фејсбук нејзиниот тренер Чедо Николовски.

Резултати
50 кг
Марија Спирковска – Каролина Муелерова (Чешка) 6-4
Марија Спирковска – Наталија Валчак (Полска) 0-5
Репасаж
Марија Спирковска – Вестина Данисевициуте (Латвија) 1-8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON