Хамзат Чимаев се обиде да влезе во улогата на „лошо момче“. Шведскиот борец, кој е непоразен во кафезот со 11 последователни победи, влезе во конфронтација со Паоло Коста, обидувајќи се да направи мешаница кога двајцата случајно се сретнаа. Тие се судрија во тренинг објектот на УФЦ во Лас Вегас.
Чимаев изгледа само што ја заврши сесијата во салата кога виде дека Бразилецот веќе го започна загревањето за својот тренинг. Како резултат на тоа, сведоци сме на вербална размена, каде Хамзат е задржан од другите борци околу него да влезе во кафезот и директно да се соочи со Коста.
На крајот, освен размена на реплики и навреди, никогаш не дојде до посериозна пресметка. Сведоците го дефинираа однесувањето на Чимаев како обид да привлече внимание и го нарекоа „лажен гангстер“.
Хамзат се подготвува да се врати во октагонот на меч со Нејт Дијаз. Тие треба да се соочат викендов на галата во Вегас. Борбата на Дијаз е последна според договорот со организацијата, а најверојатно ќе биде и негово финале во ММА.