На Европското првенство за кадети во Самоков, Бугарија, настапуваат и две борачки од БК Вардар, Марија Спирковска и Марија Неделковска.
Тренерот на Вардар и предводник на женската репрезентација на Македонија, Игор Неделковски, прогнозира позитивен и исход на борачките. Тој вели дека тие се подготвени за Европското првенство, доколку ги послужи среќа и добар жреб, верува во нивните можности за победа
Неделковска и Спирковска се борат задутре.
Покрај нив, Вардар на ЕП е застапен и со борачот Кристијан Славески кој ќе се бори со Русинот Алу Духаев.
Вардар на ЕП:
71 кг Кристијан Славевски – Алу Духаев (Русија)
43 кг Марија Спирковска
57 кг Марија Неделкоска