„Не сум бев таму, но ако бев, сигурно ќе бев бесен од тој спектакл. Ќе сакав да ми ги вратат парите“, напиша Мајк Питерс од USA Today.
„Штетна работа“, беше мислењето на Дан Рафаел од ESPN. Многу генијалци сметаат дека натпреварот бил пропагандна акција на рускиот претседател Владимир Путин.
Мики Рурк го нокаутирал Сејмур во две рунди. Доста фанови на боксот го исмеаја Мики Рурк на социјалните мрежи.
„Се едно, го гледам Роки, ама со неуспешна пластична операција“, напишал еден од нив.
„Мики Рурк заслужува „Оскар“, а не шампионски појас за ова претстава“, се задеваше друг, кој, очигледно, алудирајќи дека актерот има само номинација за најпрестижната филмска награда.
Организаторите не се потресоа од критиките и објавива дека нема поплаки од настанот. „И двајцата учесници во натпреварот се задоволни од хонорарите, кои се поприлично големи. Сите се среќни“, објавија организаторите на шоуто.
http://youtu.be/QyfGGxFXRCk