На 3 декември во Битола се одржува Европското првенство во но ги граплинг и ММА за аматери во организација на промоцијата ИСФА и Игор ММА од Битола. На борбената карта е и борбата на домашниот борец Ристо Димитров – Чурино. Тој ќе се бори за ММА титулата на ИСФА – Европски професионален првак до 66 килограми против Амел Шабановиќ од Црна Гора од Самбо клубот Беране и од Санџак топ тим.
Ова е прв вака голем ММА и граплинг настан во Битола и за прв пат ќе има борби во кафез. Од друга страна, битолчани ќе може да видат и двајца многу добри домашни борци, Филип Божиновски и Ристо Димитров. Доаѓа е велешанецот Златко Петровски кој не знае за пораз и има четири победи во низа, а последната беше во Германија, каде што настапува за тим Кобра. Петровски е носител на црн појас во бразилско џиу џицу.
Покрај домашните натпреварувачи, ќе настапат и најдобрите балкански ММА борци како: Владислав Генов, Димитар Димитров, Станислав Енчев, Даниел Арангеловиќ, Илија Иварлак, Швеѓанецот Андерс Ериксон.
„Очекувам да победам и да го донесам првиот профи -појас во Битола. Воедно, ги повикувам сите битолчани да дојдат во салата и да ја биде исполнат до последно место“, вели Ристо кој ја повикува целата македонска јавност да го бодри и да дојде во спортската сала „Малдост“ во Битола, кога се одржува Европското првенство во но ги и ММА за аматери“, изјави Димитров пред извесно време за Ипон.мк.
ИСФА – Битола:
лесна
Филип Божиновски (Македонија) – Илија Иварлак (Романија)
Златко Петровски (Македонија) – Тоен Нагуен (Бугарија)
бантам
Теодор Буколов (Бугарија) – Даниел „Тигар“ Неделков (Бугарија)
средна
Борче Телевски (Македонија) – Делчо Димитров (Бугарија)
Веселин Вучев (Бугарија) – Тони Маркулев (Бугарија)
велтер
Виктор Александров (Бугарија) – Владислав Генов (Бугарија)
Живко Стоименов (Бугарија) – Блажо Дардов (Македонија)
Станислав Енчев (Бугарија) – Данијел Арангеловиќ (Србија)
леснотешка
Димитар Димитров (Бугарија) – Андерс Ериксон (Шведска)
перолесна – борба за европската титула на ИСФА
Ристо Димитров (Македонија) – Амел Шабановиќ (Црна Гора)
Ipon.mk/В.Д.