Спектаклот Џошуа – Фјури ќе биде меѓу петти најскап во историјата

Британските медиуми објавија дека за 2021 година се закажани две битки за апсолутен шампион во тешка категорија, а борбата меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури сигурно ќе биде главен настан во годината.

Според претпоставките овој меч ќе биде петти најскап во историјата. Вкупната вредност на борбата се проценува на 150 милиони фунти.

Апсолутниот рекорд го држат Флојд Мејведер и Мани Пакијао со борбата од 2015 година, која вредеше неверојатни 678 милиони фунти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО