Спектакл во Мелбурн: Витакер и Адесања ќе се борат во Мелбурн на стадион пред 50 000 гледачи

Големата борба за обединување на титулата во средна категорија на УФЦ меѓу Роберт Витакер и Израел Адесања, за која веќе со месеци се зборува, конечно доби време и место за одржување.

Според порталот Combate.com извори блиски до УФЦ потврдија дека Витакер и Адесања ќе ги стават ракавиците на 6 октомври на УФЦ 243. Како локација за одржување на овој голем меч УФЦ го избрал стадионот Доклендс во Мелбурн. Станува збор за стадионот чија изградба чинеше 430 милиони австралиски долари и има капацитет од 55.000 луѓе.

УФЦ ја планирал борбата за стадионот во Сиднеј, но тогаш се игра финалето на австралиската рагби лига. Се размислувало борбата да се префрли во Лас Вегас, но, со оглед на тоа дека Витаркер е Австралијанец и Адесања од Нов Зеланд, едноставно не можеа да ја пропуштат шансата борбата да се одржи во Австралија.

Иако борбата сé уште не е официјална, потврдата ја даде Дана Вајт во разговарано со медиумите пред отворањето на новиот објект на УФЦ Апекс.

„Ј аработиме борбата оваа есен во Австралија к оја едноствано ќе растури. Таму ќе биде голем настан. Луѓето од Британија ќе ја следат оваа борба во Австралија. Луѓето од Европа ќе гледаат, од САД, Канада – целиот свет ќе ја гледа. Тоа е лудо“, рече Вајт, пренесува ММА Џанки.

Официјална ова е првата одбрана за Витекер, бидејќи неговиот шампионски појас не беше загрозен во последниот меч кога се соочи со Јоел Ромеро на УФЦ 225 во јуни минатата година. Имено, тогаш Кубанецот падна на официјалното мерење, па не можеше да се натпреварува за титулата, туку само за победа. Неговиот последен настап против Келвин Гастелум му пропадна на самиот ден на мечот заради болест (хернија) од која сè уште се опоравува.

Адесања во април ма УФЦ 236 против Келвин Гаштелум го направи потенцијалниот меч на годината. Непоразениот Нигериец со едногласна одлука на судиите дојде до седумнаесетата професионална победи и си обезбеди титула на привремен шампион. Во претходен меч „The Last Stylebender“ ја порази легендата на Андерсон Силва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON