Конор Мек Грегор стана почесен граѓанин на Мајами. Поранешниот двократен светски шампион на УФЦ доби огромно признание откако на церемонија го доби „клучот на градот“.
Ирецот и неговото семејство беа поздравени од градоначалникот Францис Суарез. Во последниве години Ноториус значителен дел од својот живот помина во Мајами, подготвувајќи се за некои од неговите натпревари во кафезот. Како резултат на тоа, локалната власт одлучи да го пречека како Почесен граѓанин, оддавајќи му голема чест.
Семејството на Мек со „Клучот на Мајами“! Му благодарам на градоначалникот Суарез што ме почести со оваа голема чест, а тоа се случи во присуство на моето семејство. Ова е еден од најголемите моменти во мојот живот. Нека живее духот на Мајами со сите нас“, беа некои од работите што Конор ги напиша во знак на благодарност за неговата почест.
Ирецот продолжува да се опоравува од повредата што ја заработи во јули за време на мечот со Дастин Пориер. Тогаш, од крајот на првата рунда го скрши левиот скочен зглоб, а „Дијамантот“ победи со технички нокаут.