Спасовски и Сандев доминираа на „Астерикс опен“ во Ниш (ФОТО)

Delini i Petrovec na Asteriks open 2016

Репрезентативните кандидати на Македонија во јуниорска конкуренција Христијан Спасовски (-59 кг) од ТК Делини Илинден и Иво Сандев од Петровец со три победени борби ги освоија првите места на Меѓународниот таеквондо турнир „Астерикс опен“ во Ниш-Србија. Сандев втората борба ја доби со нокаут.

Ilinden taekovnodo poedinec na Asteriks open 2016

„Не е случаен овој резултат. Двајцата се репрезентативци на Македонија. На последните турнири покажуваат значителни успеси. Пред само две недели во Тирана двајцата се закитија со сребрени медали, сега со златни. Формата оди во нагорна линија и се темпира за Г-1 турнирот „Грција опен“ кој се одржува од 10 – 12 јуни, каде што се собираат бодови за ранг листа“, велат тренерите Ацо Атанасов и Александар Велјановски.

Тие истакнуваат дека ги очекува пеколно лето и дека нема да има многу одмор. Можеби ќе одмораат 15 до 20 дена, бидејќи ги очекуваат многу значајни турнири и Европското кадетско првенство во ноевмври и јуниорското Светско првенство во ноември во Канада.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON