Спартак од Кочани во недела ќе биде домаќин на Државното првенство во борење за кадети (У-15).
Борбите ќе се одржат во салата „Сашко Лазаров“ при СОУ „Љупчо Сантов“ со почеток во 11 часот.
Еден ден порано, исто така во Кочани, се одржува Државниот шампионат за јуниори (У-20).
Кочанскиот клуб годинава, по стагнацијата што ја имаше, покажува дека има понецијал да се врати на старите патеки.