Спартак се засили со Стефан Штерјов од Балканец

Спартак се засили со Стефан Штерјов борач на БК Балканец.

Младиот 23-годишен борач премина од штипскиот боречки клуб „Балканец“ во „Спартак“ и ќе се натпреварува во категоријата до 65 кг., а од кочанскиот борачки клуб  очекуваат добар пласман.

Од „Спартак“ најавија дека на 27 јануари ќе се одржи и Државно првенство во борење за сениори на кое ќе настапат десет  борачи на „Спартак“ меѓу кои, Дамјан Крстов, Благоја Тасески, Стефан Штерјов, Александар Павлев, Илија Веселинов, Расул Шапиев, Петар Иванов, Леон Трајанов, Стефан Миладинов и Горан Терзиски.

Фото: Гласно.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON