„Најпрво сакам да истакнам пред целата јавност дека Боречкиот клуб Спартак не е згаснат, да не постои“, вели Гоце Ангелов, член на УО и секретар на БК Спартак и додава:
„Не може еден од најуспешните клубови во минатото во државата одеднаш да згасне, да не постои, туку поради пандемијата во државата БК Спартак немаше активности“.
Тој вели дека причината не е во претходното раководство.
„На редовното годишно Собрание едногласно е избрано ново раководство, кое, пред се, ќе има огромна задача за реализација на плановите и да го врати Спартак како во старите добри времиња. Новото раководство на чело со претседателот Зоран Сребренов, ќе работи транспарентно и сите одлуки ќе се донесуваат заедничи, се со цел за доброто на борењето.
Плановите на новото раководство се: настап на сите државни и иборни првенства во државата, настап на меѓународни турнири во содедството, организирање на меморијалниот турнир – Легендите на Спартак и враќање на поранешните борачи од Кочани кои сега настпуваат за други клибови“, истакнува Ангелов.
Тој изразува благодарност до локалната самоуправа (реновирање на спортската сала за тренинг) и ФБРСМ (обезбедување на нов душек за тренинг) за нивната подршка и помош за подобруње на условите за тренинг
„Се надевам и за идна соработка со локалната самоуорава и ФБРСМ за нивна подршка за исполнување на зацртаната цел“, нагласува Ангелов.