Во недела во Прилеп ќе се одржи јавен спаринг во кик бокс и бокс во центарот на градот во склоп на летната бавча на Пица Хепи сопочеток во 14:30 часот.
Настанот го организираат Кик бокс клубот „Шампион“ и Боксерски клуб „Ас“ од Прилеп под мотото „Спортот, мост за вашето здравје“.
„Нашата цел е да се подигни свеста на младите да спортуваат, а да ги отфрлат модерните пороци. Исто така, сакаме да ги промовираме нашите членови до кој степен се стиганти во досегашната напорна работа“, изјави организаторот Дарко Чатлески.
На рингот во Прилеп ќе настапат: Мартин Алексоски 12 години во.бокс, Трајче Илиоски 14 год.-кик бокс, Бојан Станојоски 14 год. Кик бокс , Енвер Османоски 14год. –кик бос, Ице Трајкоски, сениор, ќе нстапи во бокс.. Сите најнадежните ќе настапат боксери и кикбоксери ќе настапат на овој спаринг, од деца на 8 годишна возраст до сениори.
Ipon.mk/В.Д.