Денешниот ден на Светското првенство во карате за кадети, јуниори и У-21 е неуспешен за нашите репрезентативци, затоа што имаа најмногу по една победа или загубија уште во првиот настап.
Сепак, има надеж за Симона Симовска во јуниорска конкуренција над 59 килограми, бидејќи Берлуцева од Казахстан се пласира во финалето и овозможи настап на Симовска во репасажот кој ќе се одржи утре. И јуниорот Филип Несторовски (-76 кг) може да се надева на репасаж, затоа што противникот Гјурик стигна до полуфиналето, под услов тој да обезбеди финале.
На Роберто Ацковски борбите се во тек.
Резултати
Јуниори борби
-53 кг – 48 натпреварувачи
Драгана Манговска – Ели Арапоглу (Грција) 2-0
Драгана Манговска – Аири Шима (Јапонија) 1-1 (прв освоен поен за Јапонката)
-59 кг – 58
Вјолца Гафури – Марија Азрова (Белорусиај) 0-2, 2.коло
+59 кг – 45
Симона Симовска – Марија Алијаксејева (Белорусија) 2-2 (прв освоен поен)
Симона Симовска – Софија Берлуцева (Казахстан) 0-0 (на изјаснување)
-55 кг -57
Столе Смилковски – Самвел Ајдинијан (Ерменија) 0-0 (2.коло, на изјаснување)
Столе Смилковски – Масаки Јамакома (Јапонија) 0-0 (на изјаснување)
-61 кг – 60
Фаик Весели – Омар Алнајајар (Јордан) 3-5
-68 кг – 68
Роберто Ацковски – Цезар Таварес (Венецуела) 1-0
Роберто Ацковски – Леон Томљановиќ (Хрватска) 1-0
Роберто Ацковски – Мохамед Алмалики (Саудиска Арабија)
-76 кг – 69
Филип Несторовски – Ади Гјурик (Словачка) 0-1
+76 кг – 48
Вегим Мурати – Михајло Арсовиќ (Србија) 0-3
Ipon.mk/В.Д.