СП: Јапонија покажа од каде доаѓа каратето, Франција стандардна, Иран нова велесила

japoncite-slavata-sp-2016

Јапонија е најуспешната нација на штотуку завршеното Светско сениорско карате првенство во Линц –Австрија. Јапонците освоуја девет медали – 6 златни, 2 сребрени и 1 бронзен.

На второто место  е Франција исто така со девет медали (3-2-4), трет е Иран со шест медали (3-0-3). Потоа следат Египет 5 (1-2-2), Азербејџан 3 (1-1-1), Австрија 2 (1-0-1), Англија 1 (1-0-0), Шпанија 5 (0-3-2), Мароко 1 (0-1-0), Унгарија 1 (0-1-0), Холандија 1 (0-1-0), Данска 1 (0-1-0), Бразил 1 (0-1-0), Грција 1 (0-1-0), Италија 4 (0-0-4) итн.

japonci-izvedba-na-sp-2016

Јапонците ја покажаа силата и на сите јасно им порачаа што ќе се случува на Олимписките игри 2020 година во Токио. А Иран стави на знаење дека не се шегуваат и сериозно се наметнуваат како велесила во каратето, како и Египет и Азербејџан, но се наметмнаа земји кои досега немале некоја значајна улога во карате спортот како Данска, Унгарија, Венецуела, додека Косово е пријатно дебитантско изненадување. Забележлив е падот на Турција која се на се освои еден бронзен медал, Италија, Англија, Србија.

За жал, Македонија не меѓу освојувачите на медали, а најдалеку стигнаа Симона Заборска и Емил Павлов до четвртфиналето, односно имаа по три победи, но останаа без пласман бидејќи нивните противници не се пласираа во финалето. Истите натпреварувачи минатото СП има најдобар пласман од нашите репрезентативци 5 и 7 место.

rafarl-agev-slavi-na-sp-2016

Светски шампиони

жени

Кију Шимицу – Јапонија – кати

+ 68 кг Ајуми Уекуса – Јапонија

-50 кг Александра Рекија – Франција

-55 кг Емили Туј – Франција

-61 кг Џиана Лотфи – Египет

-68 кг Алиса Бучингер – Австрија

Жени ката тим – Јапонија

Жени борби екипно – Франција

мажи

Рјо Кијуна – Јапонија – кати

+84 Сајад Ганџзадех – Иран

-60 кг Амир Медизадех – Иран

-67 кг Џордан Томас – Англија

-75 кг Рафаел Агаев – Азербејџан

-84 кг Рјутаро Арага – Јапонија

Мажи ката тим – Јапонија

Мажи борби екипно – Иран

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО