Боксерската легенда Роберто Дуран продолжува да се бори за живот откако беше хоспитализиран поради проблеми со срцето. Неговото семејство на социјалните мрежи објави дека состојбата му се влошува.
Лекарите му прават тестови за да му ги проверат срцевите залистоци, по што ќе бидат преземени чекори за нивна санација. Во оваа фаза, не е познато дали ќе биде потребна операција или терапија со лекови.
Дуран е поранешен светски шампион во четири тежински категории. Тоа му гарантира место во „Куќата на славните“. Денеска има 72 години и се надеваме дека ќе доживее длабока старост откако ќе ја победи оваа болест.