Сопственикот на АТТ два пати се обидел да го купи УФЦ

sopstvenik att

Сопственикот на American Top Team, Дан Ламберт, изјави дека два пати се обидел да го купи УФЦ. Иако неуспеал, тој смета дека работите се развиле на подобро. Ламберт се обидел да склучи договор во 2001 и 2004 година. Тој признава дека ако успеал, едвај ќе постигнел резултати колку што тоа го направиле Дана Вајт и браќата Ферита.

„Мило ми е што борците успешно напредуваа, а менаџерите и навивачите го добиваа она што треба. Тие ивестираа купишта пари и време, претрпеа многу загуби, пред да се сврти бизнисот. Ми се допаѓа што сеќавам каков беше бизнисот пред и каков е сега. Тогаш борците едвај преживуваа, а сега издржуваат семејства.

Јас немаше да бидам ниту блиску до тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON