Сопругот на Рејчел Остович уапсен поради обид за убиство на сопругата

Рејчел Остович (4-4, 1-1 УФЦ) во недела наутро заврши во болница на Хаваите за семејно насилство.

Споругот на УФЦ-овката и ја скрши јаболчната коска и заради тоа мораше да ја откаже закажаната борба со Пејџ Ван Зант.

Нејзиниот сопруг Арнолд Бердон исто така е ММА борец, а полицијата го уапси и го обвини за обид за убиство.

Бердон наводно ја нападнал 27-годишната Остович за време на кавгата во недела наутро во нивниот дом во Хонолулу, по што морала да биде хоспитализирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON