Во Лас Вегас се одржа последната прес-конференција пред борбата на непоразените тешкаши Тајсон Фјури (27-0-1, 19 КО) и Том Шварц (24-0, 16 КО).
На Фјури ова ќе му биде трета борба во САД и прва во Лас Вегас, додека на 25-годишниот Шварц ова ќе му биде американско деби. Освен во својата татковина во текот на кариерата само уште два пати боксираше во Чешка.
Шварц во полседната борба во март со нокаут против Кристија Крстачиќ го одбрани интерконтиненталниот појас на ВБО, а во текот на кариерата ги победи Анто Верунику, Јаков Госпиќ, Ивица Бачурин и Аднан Реџовиќ.
Фјури сам ја почна на прес-конференцијата 10 минути пред закажаниот почеток и го повика својот противник пријателски да се поздрват. Освен тоа, прирдија и мало манекенско шоу.