Сонен: Во моментов најголемиот меч што може да се организира е меѓу Нгану и Џонс

Скоро една година откако Френсис Нгану го одбрани шампионскиот појас на УФЦ во тешка категорија на мечот против Сирил Гане.

Тоа беше последен настап во октагонот за камерунскиот удирач, бидејќи недолго потоа беше опериран на коленото.

И додека Нгану се опоравуваше од операцијата, почна да се врти приказната за можна борба за појасот на привремениот шампион, а најчесто се споменуваа Џон Џонс и Стипе Миочиќ.

Но, таа борба никогаш не се случи, а веројатно нема и да се случи, бидејќи многумина се надеваат дека Френсис би можел да ја одбрани титулата во март против Џонс.

Меѓу оние кои многу би сакале да ја гледаат борбата меѓу Нгану (17-3) и Џонс (26-1-1) е и поранешниот борец, а сега коментатор Чаел Сонен.

„Евентуален меч меѓу Џон Џонс и Френсис Нгану е најголемата борба што може да се организира во овој спорт во моментов. Тоа би бил меч на двајца борци кои не се бореле долго време“, истакна Чаел Сонен и додаде:

„Френсис е сигурен, уште не му ја одземале титулата. Се зборуваше дека Миочиќ и Џонс ќе се борат за титулата привремен шампион, а се споменуваше и дуел меѓу Блејдс и Џонс. Но, тие гласини брзо исчезнаа. Отсекогаш се зборувало за привремени титули, што значи дека Френсис е заштитен и сепак е шампион“.

А Френсис Нгану се уште нема потпишано договор со УФЦ, бидејќи сака да боксира, но и да има поголем хонорар. Сонен верува дека Нгану на крајот ќе се помири со промоцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON