Сонен одговори на обвинувањата: Не му ја попуштив борбата на Тито (ВИДЕО)

Kael Sonen skrin

Каел Сонен јасно одговори на обвинувањата кои се појавија по вчерашна борба против Тито Ортиз на Белатор 170.

Ортиз со победа се прости од борбите, а Сонен го заврши со зафат на вратот во првата рунда откако избегна давење на многу сомнителен начин. Фанови и коментатори на социјалните мрежи поделија снимки од спорниот момент и се уверени дека Сонен му попуштил на Ортизz за да победи во последната борба од неговата кариера.

„Никогаш не би го направил тоа, зашто сум многу компетитивен. Кога ми го кажаа тоа, си помислив – сериозно? Некој тоа го разгледува? Беше напнато и неизвесно, тргнав на неговиот зглоб, не знам како се најдовме во таа позиција. Непријатно ми е поради тоа. Ми треба уште време во кафезот, не сум подготвен. Поминаа три години, мислев дека е добар меч-ап, Тито ме закачаше дека сум премал за ова, беше тежок додека беше врз мене, но не се согласувам со него. Ми се допадна како се чувствував во борбата. Но ми треба искуство, мислев дека ќе победам, но добив искуство“, раскажа Сонен.

„Мислев дека можам да го победам, и се уште го мислам тоа. Но никогаш не би му попуштил. Среќен сум поради него, бидејќи многу борци не си заминуваат со победа, секогаш уживав во неговите настапи, тој напорно работеше и се жртвуваше. Но никогаш не би му допуштил давење. Ме изненадува поради тоа што тоа е боречки натпревар, не сум тука за да му помогнам на другиот борец“, додаде Сонен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON