Едно од најголемите имиња во историјата на боксот – Флојд Мејведер собра овации и стана центар на вниманието за време на церемонијата на влегување во „Куќата на славните“ во Канастота, Њујорк. За време на викендот беа прифатени три изданија – 2020, 2021 и 2022 година, а на вечерта и претходеше забавата на легендите.
Таму „Мани“ требаше да одржи говор, но кога си заминуваше не можеше да не заплаче. Речиси една минута не успеа да каже ништо, а другата легенда, Лејла Али, ќерката на Мухамед Али, го прегрна и го поддржа за Флојд да се смири и сепак да изрази благодарност за се што му се случило низ годините.
Емотивното однесување на Мејведер веднаш предизвика бран реакции. Неговите поранешни ривали во рингот, спаринг-партнерите и редица други големи имиња од поблиското и подалечното минато му честитаа на искреното однесување.
„Не знам што да кажам. Без сите луѓе околу мене, сите овие години, ништо од ова немаше да биде возможно. Сега немаше да бидам овде без моите роднини. Си реков дека нема да плачам, но ова е еден од најубавите денови во мојот живот“, беше дел од говорот на Флојд, кој се повлече од професионалниот ринг во 2017 година со скор од 50 последователни победи и како поранешен освојувач на светски титули во 5 различни категории.