АктуелноБоксПрофесионален

Солдиќ во боксерски меч нокаутира полска легенда, а потоа го прозва Џејк Пол

Хрватскиот борец Роберто Солдиќ со нокаут во втората рунда ја победи полската легенда Томаш Адамек на боксерскиот настан ФАМЕ во Гливице.

Солдиќ немаше тешка задача против 48-годишниот ветеран кој освои светски титули во две тежински категории.

Тој беше шампион на ВБЦ во полутешка категорија, а исто така ја освои и титулата во ИБФ во крузер категорија, според BoxRec, тој е третиот најголем полски боксер во историјата.

Големиот Робокап е член на организацијата ОНЕ Чемпионшип и е во добра форма. По борбата тој изрази почит кон поранешниот светски шампион.

„Ова беше ново искуство за мене. Се борев против одличен боксер. Имам голема почит кон него без разлика колку години има. Му честитам што ја прифати оваа борба. Ова е неговиот дом, има голема поддршка. И јас имав таква, но тој е вистинска легенда“, рече Роберто Солдиќ, а потоа прозва еден популарен јутјубер:

„Би сакал да прозвам еден човек – Џејк Пол. Го викам да се бори со мене, но не сака да ми одговори. Сака да се бори со момци кои имаат 56 години. Сакам да се борам со него ако е можно. Но, останувам во ОНЕ Чемпионшип, одам на злато“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON