Боксерската федерација на Македонија (БФМ) денеска во Скопје го одржи редовното годишно Собрание на кое беа усвоени извештајот за работа за 2018 година на БФМ, програната за работа во 2019 година, календарот за натпревари на БФМ за 2019 година, а беа кооптирани и нови членови во Управниот одбор и избрани на членови на Надзорниот одбор.
Нови челнови на УО се Ден Донечев, Горан Трајковски и Николина Мицевска од генералниот спонзор на БФМ, Сенатор од Скопје. Тие ги пополнија местата Недим Цановски, Војо Настевски и Максим Прохоров. Во НО се избрани Александра Андреевска, Ѓорги Галевски и Максим Прохоров.
На Собранието присуствуваа 20 од 35 делгати.
Претседателот на БФМ Примислав Димовски истакна дека во 2018 година имале приходи од 2.276.900 денари, а расходи 9.516.011 денари.
Тој потенцира дека годинава ќе дадат акцент на работата со младите, бидејќи немаме сениори кои можат да остварат врвни резултати, со тоа што посочи дека во овој период ќе се посветат на работата со тренерите оти тоа е најрслабиот дел. Во таа насока ќе работи Центарот за едукација во кој ќе бида вклучени повеќе професори, при што беше најавено враќањето во боксот на Руждија Калач. Ќе се одржат неколку семинари, а и полагања за прва ѕвездичка на АИБА семинари, но пред тоа треба да се направи дата-база на тренерскиот потенцијал.
Беше констатирано дека под итно мора да се формираат комисиите, како Дисципилинската, Тренерската и оние кои не се доофоремни и да донесат пралиници.
Лекарските прегледи ќе се прават во Скопје и тоа по сите процедури за босери.
На Собранието беше соопштено дека е набавена професионална опрема од Грин хил и Адидас која на клубовите ќе се дели од понделник, а ќе ја добијата сите екипи што учествуваа во Првата и Младинската лига на Македонија, додека новајлиите ќе мора да поденсат барања по кои ќе одлучува УО.
Ipon.mk