Денеска Собранието на Македонската таеквондо федерација (МТФ) едногласно констатираа дека 2017 година досега е најуспешната година за македонското таеквондо.
На европскиот сениорски шампион, Дејан Георгиевски, му доделија плаќета за специјален придонес во македонското таеквондо.
Покрај тоа, МТФ даде детален извештај за работата и резултатите во 2017 година и донесе Правилник за бодување и рангирање на клубови и спортисти за идните две натпреварувачки сезони.
Клучни цели за МТФ во период што следи се: остварување на врвни резултати на Г-1 турнири, европски и светски првенства; поставување на стратегија за постигнување на олимписки норми за олимписките игри во Токио 2020; организирање на силен домашен меѓународен турнир Скопје Опен на 21 Април 2018 година; помагање на клубовите членки на МТФ; МТФ формираше судиско тело; одреди кои клубови ќе организираат домашни турнири во 2018 година.
„Особена чест за МТФ е признанието од многу релевантни фактори за големите успеси кои се постигнуваат и истите се значајни, не само за македонското таеквондо, туку и за македонскиот спорт. Имено, во 2017 година таеквондист донесе прв златен медал во олимписки спорт од Европско првенство од осамостојувањето на Македонија. Македонската таеквондо федерација се заблагодарува на сите клубови членки на МТФ, МОК, АМС и на сите подржувачи кои активно учествуваат во историскиот успех што во последно време го бележи македонското таеквондо“, нагласуваат од МТФ по повод одржаното Собрание.
Ipon.mk