Спортски поздрав удирање со ракавици на почетокот на самата борба е вообичаен во низа спортови и ретко кој борец се обидува да го злоупотреби првиот контакт во рингот или кафезот.
Но, во Кина на ВБК/WBK 22 оваа сабота еден борец до победата дојде токму во тој момент, нокаутирајќи го противникот кој не очекуваше валкан потег. ММА борецот Ибрахим Халилов тргна да се поздрави со Бахтијар Баротов, но штом ги допреа ракавиците, Халилов го погоди ривалот во брадата и го испрати на спиење за само 2-3 секунди. Можеби е неспортски, но победата е чиста.
https://youtu.be/gp1RW18Uqmg