Сите, особено во источните вештини, имаат свои точки на удари каде што телото е посебно слабо, вели кунг фу мајсторот Мирослав-Мирко Тодоровски.
Тој преку видео објаснува како да се допре до виталните точки на човек и да биде онеспособен. Тоа се постигнува со винг чун начинот на вежбање… развиван и од него.
„Точките ги делиме на витални и енергетски. Виталните се анатомските, кои имаат слабост на удари на телото, како што се: очи, врат стомак, гениталии и бубрези. Посебно интересни се енергетските, за кои мистиката вели дека може да се делува и од далечина или со одложено делување.
Засега, и за нас, се добија удари врз точки каде со релативна слаба сила се добиваат огромни реакции.. ама треба да се погоди точката.
Каде и како се увежбува покажува видеово.. на винг чун начин“, вели Тодоровски.