Со Митров, Данов и Арсов Балканец ќе јуриша на титулата

Враќањето на душекот на Дејан Митров, Аце Арсов и Бобан Данов Балканец доби големи засилувања за 2018 година.

„Целта ни беше да ги активираме нашите борачи кои се повлекоа од душекот една сезона и некој месец. Тие се во добра форма, бидејќи настапуваа во други спортови и ја одржуваа кондицијата и тактичко-техничката подготвеност. Со нив и останатите борачи од клубот ќе бидеме конкуренти за шампионската титула“, рече претседателот на Балканец Виктор Богданов

Тој истакна дека Владимир Егоров, Бобан Савев и остнатите млади борачи ќе бидат компактна екипа подготвена за големи резултати.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON