Со медал на СП репрезентативците се кандидати за учество на Светските боречки игри во 2021 година

Доколку некој од нашите репрезентативци Бобан Илиоски (81 кг) и Мите Ашкилов (86 кг) освои медал на Светското првенство во тајландски бокс во Бангкок – Тајлнад, кое завршува на 31 јули, се отвораат шнаси да учествуваат на Светските боречки игри 2012 година во САД.

Македонските репрезентативци настапуваат во сениорската елитна  А- класа. На првенството се очекува да настапат натпреварувачи од 112 земји, така што конкуренцијата е исклучително силна, речиси и да нема слаб противник.

Да потсетиме, утре Бобан Илиоски (81 кг) прв излгува на борилишето на СП против Иранецот Сеједкеиван Солеиманисафаханех, а Мите Ашкилов (86 кг) се бори наредниот на 24 јули со Белорусинот Јаухени Ваучок.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON