Сликава праќа голема порака до светот во времето кога лекарите и медицинскиот персонал со надчовечки напори се борат со невидливиот противник пандемијата на коронавирусот. Боксот е благородна вештина, уште поблагородна техника примениуваат докторите, медиционските сестри и останатиот персонал за да не заштитат од Ковид-19.
Вештина е да се одбраниш од невидливиот и многу опасен противник, техники и издржливост треба да се има како боксерите, за да се нокаутира Ковид-19.
Боксерскиот клуб Аперкат во името на сите боксери и граѓани на Македонија им оддава почит на лекарите и медицинскиот персонал за напорите што ги вложуваат во овие тешки и напорни моменти во одбраната од подмолниот Ковид-19, и ги бодри да ги издржат сите рунди и со директ да го нокаутираат противникот наречен коронавирус.