На Медитеранското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Анталија, Турција, македонската репрезентација ќе настапи со осум каратисти.
На Медитеранското првенство од 6 до 7 април боите на нашата земја ќе ги бранат: Владанка Аврамова и Александар Неделковски – кати-јуниори, Јована Манчевска – кати-кадети. Бојан Костов (-52 кг) – кадети, Марио Свинарски (-68 кг) – јуниори, Столе Смилковски (-60 кг), Фаик Весели (-67 кг), Доан Османи (-75 кг) – јуниори до 21 година.
Ipon.mk