Адријан Аземи се палсира во финалето на „Емил Жечев“ (ВИДЕО)

Ардијан Аземи (+80 кг) ќе се бори за златниот медал на силниот Меѓународен боксерски турнир „Емил Жечев“ во Ботевград, Бугарија, откако во полуфиналето го победи Меирам Болашак од Казахстан.

Македонскиот кадетски репрезентативец и во финалето ќе се сретне со боксер од Казахстан, Роман Дијари.

Аземи беше офанзивен во борбата со Болашак и сосема заслужено забележа победа.

Борбата за златниот медал според најавата на организаторите на турнирот е закажана за во петок.

https://streamable.com/myd7j

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО