Со 22-от нокаут во низа Головкин ја одбрани светската титула (ВИДЕО)

gennady golovkin dominic wade

Генади Головкин (35-0, 32 КО) ја продолжи низата на нокаути  на 22 и притоа ги задржа појасите на ВБА, ИБО, ИБФ и привремениот ВБЦ во средна категорија.

ГГГ во Ингелвуд во Калифорнија со прекин во втората рунда го победи Американецот Доминик Вејд и му го нанесе првиот пораз во кариерата (18-1, 12 КО).

Вејд беше задолжителен предизвикувач и во овој меч го замени повредениот Туреан Џонсон. Веројатно и зажали што го направи тоа, бидејќи за 5 минути и 37 секунди три пати заврши на подот, еднаш во првата и два пати во втората.

https://youtu.be/9T5n3V_Xe8g

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО