Со 15 медали Шампион е трет, а Илиоски најдобар борец на „К-1 трофејот на Ниш (ФОТО)

sampion-boban-borba-nis-2016

Кикбоксерите на Шампион од Скопје освоија 15 медали – 1 златен, 5 сребрени и 9 бронзени на Меѓународниот турнир „К-1 трофеј на Ниш“ – Балканс бест фајтер, а Бобан Илиоски е прогласен за најдобар борец во кик лајт во сениорска конкуренција, додека екипата во вкупниот пласман по освоени медали е трета.

kik-boks-makedonija-nis-2016

Медалите ги освоија: Бобан Илиоски (-79 кг) златен, Виктор Атанасов (-57 кг) сребрен, Турке Исмаил (-25 кг) бронзен, Иван Кукуновски (-25 кг) бронзен, Андреј Митров (-79 кг) бронзен, Мимоза Стаменковска (-60 кг) бронзен, Ледон Рамадани (-42 кг) бронзен и Марко Тодоров (-47 кг) бронзен во кик лајт.

boban-i-dvajca-drugi-sampion-nis-2016

Во лоу кик медали обезбедија: Дарко Крстев (63,5 кг) – второ место, Фариз Дестан (- 69 кг) –трето, Алексанадар Ацески (-67 кг) –второ, Стефан крстев (-47 кг) – трето, Алек Златанов (-91 кг) трето, Ледон Рамадани (-42 кг) 2, Марко Тодоров (-47 кг) – 2, Слаѓан Димиќ (-67 кг) четврто.

sampion-ring-nis-2016

На турнирот учествуваа околу 50 клуба од балканските земји, а Шампион настапи со 14 натпреварувачи.

sampion-devojka-nis-2016

sampion-borba-nis-2016

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON