Смит го згази Шогун за 89 секунди, Андерсон издоминира против Тешеира (ВИДЕО)

Бразилските ѕвезди имаа тешка ноќ на настанот на УФЦ во Хамбург.

Ентони Смит (29-13, 6-3 УФЦ) го замени Волкан Оездемир и го исфрли Маурицио Руа (25-11, 9-9 УФЦ) во првата рунда од главната борба на вечерта.

Американецот го здрма легендарниот Бразилец со десно кроше од контра и натера на повлекување. Смит се затрча по него во кафезот и со серија на удари го нокаутира Шогун на жицата, додека се уште беше на нозе, по само 89 секунди од борбата.

Пред оваа борба Руа се споменуваше како потенцијален противник на Даниел Кормиер за одбрана на титулата во полутешка категорија.

Смит во претходната борба го нокутира Рашад Еванс, така што во последните две пресметки нокаутира двајца поранешни шампиони на УФЦ.

Кори Андерсон (11-4 MMA, 8-4 УФЦ) се борење го измори, а потоа на сите полиња издоминира против Гловер Тешеира (27-7, 10-5 УФЦ) на патот до победата со едногласна одлука,

Марчин Тибура (17-4, 4-3 УФЦ) се избори со победа против Стефан Струве (28-11, 12-9 УФЦ). Немотивираниот Холанѓанец не покажа ништо друго освен фантастичниот преден удар (кик) во втората рунда со кој го затресе Тибура.

И двајцата вомечот влегоа со два последователни порази.

Дамир Хаџовиќ (12-4, 2-2 УФЦ) постигна уште една победа на УФЦ. Босанскиот Бомбардер со поделена одлука на судииите (29-28, 29-28-29-29) го совлада Ник Хеин (14-4, 4-3 УФЦ).

Пољакот Бартош Факински (14-2, 3-0 УФЦ) се потпираше на уривањето на патот до победата со едногласна одлука против Норвежанецот Емил Мек (9-4-1 НЦ, 1-2 УФЦ).

Александар Ракиќ беше успешен и во вториот настап. По доминантната изведба, со едногласната одлука на судиите славеше против претходно непоразениот Џастин Ленде, додека Дарко Стошиќ во дебито во првата рунда го нокаутира Џереми Кимбал.

УФЦ Фајт најт 134:
Ентони Смит – Маурисио Руа (KO, Р1)
Кори Андерсон – Гловер Тешеира (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)

Абу  Азаитар- Витор Миранда (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 29-28)
Дени Робертс – Дејвид Завада (поделена одлука на судиите, 27-30, 28-29, 28-29)

Насрат Хакпараст – Марк Диакизе (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-26)
Дамир Хаџовиќ – Ник Хеин (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Бартош Фабински – Емил Мек (едногласна одлука на судиите, 30-27, 29-28, 29-28)
Над Нариман – Халид Таха (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Александар Ракиќ – Џастин Ледет (едногласна одлука на судиите, 30-25, 30-24, 30-24)
Мани Бермуд – Дејви Грант (сабмишн, триаголник давење, Р1)
Дарко Стошиќ – Џереми Кимбал (ТКО, Р1)
Пингјуан Лиу – Дамијан Стасијак (едногласна одлука на судиите, 30-27, 29-28, 29-28)

https://youtu.be/aBKuTa7n_qU

https://youtu.be/bk1qaLvcfdg

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON