Александар Ракиќ во Хамбург ја забележа втората победа во УФЦ (ВИДЕО)

Александар Ракиќ (10-1, 2-0 УФЦ) беше успешен и во вториот настап за најмоќната светска ММА промоција.

26-годишниот австриско-српски полутешкаш со едногласна одлука на судиите го победи претходно непоразениот Џастин Ледет (9-1-1 НЦ, 3-1 УФЦ).

Ракиќ три години постариот Американец, кој претходно имаше 3-0 во УФЦ, го победи со едногласна одлука на судиите

„Дај ми некого од Топ 15. Подготвен сум“, изјави по доминантната изведба Ракиќ.

Во дебито од минатиот септември на ист начин го победи Бразилецот Франсоа Баросо. Единствениот пораз во неговата кариера беше во неговото деби во 2011-тата со гилотина.

https://www.facebook.com/ufceurope/videos/1777305345638741/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО