Со убедливата изведба Хабиб Нурмагомед против Конор Мек Грегор во Лас Вегас за прв пат ја одбрани титулата на УФЦ во лесна категорија.
30-годишниот Русин не се плашеше од ниту од борбата на нозе, а во втората рунда го собори Ирецот со кроше, пред да го принуди со нек кранк (давење од позади) да се предаде во четвртата рунда.
За време на преносот можеше да се слушне дека нешто му зборува на Мек Грегор додека го удираше од горна позиција. Дагестанецот немаше разбирање за сите изречени навреди во воведот на мечот и својата доминација ја искажа на борилиштето.
„А? Ајде да разговараме сега. Зборувај. Сега зборувај“, му вели Нурмагомедов додека со граунд и паунд го казнуваа поранешниот шампион во две тежински категории.
https://twitter.com/Jaan__Ibraheem/status/1049239205044473856?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1049239205044473856&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fnews%2Fvideo-poslusajte-sto-je-khabib-govorio-mcgregoru-dok-ga-je-udarao%2F22239.aspx
.