Слеп боксер ќе се бори против противник со нормален вид

Речиси слеп боксер се подготвува за својата прва борба во рингот. Ќе се соочи со противник со сосема нормална визија.

23-годишниот Томас Серес може да гледа само 90 сантиметри пред себе поради тежок вроден глауком. Сепак, следната недела ќе учествува на хуманитарна гала вечер.

„Губењето не е опција“, вели обожавателот на култот Роки и додава: „Отсекогаш сакав да боксирам, но не верував дека тоа е можно. Се додека не влегов во салата“.’

Момчето од Барнсли, кое користи бастун, се надева дека противникот нема да го поштеди во рингот. „Ако го стори тоа, ќе плати. Имам удар кој нокаутира. Ќе дадам се од себе, дури и ако ми е тешко да видам некои од ударите“.

Томас тренира со ракавици три пати неделно, а останатите денови крева тегови во теретана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON